Видови на диносауруси
Колку видови на диносауруси знаеш? Погледни ја оваа листа на видови на диносауруси која ги содржи и некои од најпознатите видови. Прочитај и дознај кој е твој омилен диносаурус.
Во 1888 година некој човек наречен Хери Сили предложил диносаурусите да се делат во две групи според структурата на колковите. Овие грпи се нарекувале Saurischia (гуштери) и Ornithischia (птици). Овие групи се делат на подгрупи, фамилии и тн.
Saurischia (гуштери)
Theropods – името Теропод значи ‘ѕвер на нозе’ и оваа група ги содржи сите диносауруси карнивори (јадачи на месо). Иако звучи изненадувачки птиците еволуирале токму од оваа група, а не од групата Ornithischia (птици). Тероподите се движеле на две нозе, а некој од најпознатите страшни, но популарни диноауруси од овој вид се Тираносаурусот Рекс и Велоцираптор.
Sauropods – Сауроподите еволуирале да одат на четири нозе и растеле до огромни големини. Тие биле хербивори (се хранеле со растенија) и во нив спаѓаат познатите Диплодокус и Бракиосаурус.
Ornithiscia (птици)
Thyreophora – Името Тиреопора значи ‘носачи на штитови’ и во оваа група спаѓаат диносауруси со оклопи како што се Стегосаурус и Анкилосаурус. Тие биле хербивори кои живееле од раниот Џурасик период до Креда периодот.
Cerapods – Групата на Цероподите содржи многу интересни подгрупи како Цератопсиан (Ceratopsian) ‘диносауруси со рогови’, Трицератопи (Triceratops), Орнитоподи (Ornithopods) ‘со нозе на птица’ и Игуанодон (Iguanodon).
Погледнете го ова интересно видео за диносаурусите: