Научен експеримент – Црви што танцуваат!

2017-01-14

Потребни материјали:

 

  • сода бикербона;
  • гумени бомбони во вид на црви;
  • оцет;
  • две стаклени чаши;
  • нож.

Најпрво исечете ги црвите на потенки парчиња за да бидат полесни.

Потоа едната чаша наполнете ја со млака вода и  ставете три лажици сода бикербона.

Додадете ги исечените гумени бомбони црви и почекајте 15 минути за да се потопат во сода бикербоната.

Додека чекате, наполнете ја со оцет другата празна чаша. Извадете три-четири црви со помош на вилушка од чашата со сода бикербона и ставете ги во чашата со оцет. По неколку секунди ќе забележите дека почнуваат да се прават меури кои ги подигнуваат црвите нагоре на површината. Црвите ќе почнат да танцуваат и да се вртат. Уживајте во експериментот!